Во Германија, бројот на смртни случаи поради Алцхајмерова болест е речиси двојно зголемен за 20 години. Минатата година од оваа неизлечива болест на деменција починале околу 10.100 лица, за разлика од 2003 година кога починале околу 5.100.
Податоците ги објави Сојузниот завод за статистика по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест на 21 септември, пишува ДПА.
Бројот на починати се зголемил за 96 отсто за две години.
Ризикот од Алцхајмерова болест се зголемува со возраста за повеќе од половина.
53 проценти, од оние кои починале во 2023 година биле на возраст од 85 или постари. Само околу два отсто биле помлади од 65 години.
Околу 19.000 пациенти биле хоспитализирани поради Алцхајмерова болест во 2022 година, што е за 61 отсто повеќе отколку во 2002 година.
Речиси половина од лекуваните пред две години биле на возраст меѓу 75 и 84 години, додека нешто повеќе од четвртина, 28 отсто, биле постари.
Само шест проценти од пациентите биле помлади од 65 години. Од вкупниот број заболени 58 отсто биле жени.
Долгорочното зголемување на бројот на хоспитализирани и умрени, според статистичарите, е последица и на стареењето на населението во Германија. Минатата година имало 18,9 милиони луѓе над 65 години, 27 отсто повеќе отколку во 2003 година.
Возрасната група од 85 години и повеќе се зголемила за 110 отсто, на 2,9 милиони.