Бројот на повредени лица денес кога маж со секира нападнал патници во воз во Баварија се искачи на четири, соопштија локалните власти.
Во соопштението се вели дека напаѓачот е исто така повреден и дека е приведен од полицијата, пренесува Ројтерс.
„Денес околу 13:55 часот, еден маж повреди неколку лица со опасни предмети во воз на ICE што се движел кон Виена, непосредно пред Штраскирхен“, се вели во соопштението на баварската полиција.
Возот ICE 91 превезувал околу 500 патници од Хамбург до Виена, а пругата сега е затворена.