Брутално убиена поранешната девојка на Роналдињо, настрадал и нејзиниот четиригодишен син

од Milan1
211 прегледи

Во Мексико при грабеж е убиена 29-годишната водителка и модел Паола Салседо, сестра на познатиот мексикански репрезентативец Карлос и поранешна девојка на бразилскиот фудбалер Роналдињо.

Салседо била во циркусот со нејзиниот син, и била нападната пред циркусот. Напаѓачот и ги побарал чантата и клучевите од автомобилот, но манекенката одбила да му ги даде.

Поради тоа пукале во неа и во нејзиниот четиригодишен син, по што итно биле пренесени во болница, а како што пишуваат мексиканските медиуми таа жива пристигнала во болницата.

Дека Паола им подлегна на повредите потврди и нејзиниот брат Карлос, кој играше и во Европа, во Фиорентина и Ајнтрахт, а има 48 настапи за мексиканската репрезентација.

Според изјавите на сведоците, бандитите го нападнале од бело комбе. Засега не се знае во каква состојба е нејзиниот четиригодишен син.

Паола доби син во 2020 година со уругвајскиот голман Николас Виконис, а пред девет години беше во кратка врска со Роналдињо

Слични содржини