Шефот на Украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) Кирило Буданов денеска се закани дека Украина ќе ги засили нападите врз инфраструктурата на руска територија, додавајќи дека е „корисно за Русите конечно да ја видат реалноста на војната” .
-Бројот на напади врз руската инфраструктура веројатно ќе се зголеми. Мислам дека овој план може да ги опфати сите главни критични и воени инфраструктури на Русија, рече Буданов на каналот Телеграм.
Тој додаде дека „руското цивилно население конечно треба да ја види реалноста на војната“.
-Населението да види како се палат магацините за нафта, се уништуваат фабрики и погони… Сето ова е корисно, рече Буданов.
Во последните месеци, Киев ги засили нападите врз руските нафтени и гасни постројки, по нападите на Москва врз нејзината енергетска инфраструктура.
Украина ја презеде одговорноста за неколку напади со беспилотни летала врз објекти во околината на Санкт Петербург.