Бугарија не се откажува од соработката со „Газпром“?

од Milan1
324 прегледи

Бугарија нема намера да се откаже од соработката со Гаспром. „Раша тудеј“ на руски ова го пренесе како изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков, без да прецизира каде и кому го кажал.

Два дена претходно, неговиот заменик Асен Васиљев ја крена јавноста во регионот со најава дека неговата земја нема да го обнови договорот за снабдување со гас со руски „Газпром“ поради војната во Украина и дека ќе ги разгледа алтернативните набавки и иден заеднички договор со ЕУ.

Европскиот енергетски пазар е потресен од проблемите кои се последица на конфликтот во Украина, а меѓу нив е и намерата на ЕУ да ја забрани испораката на руска нафта во рамките на натамошните санкции против таа земја. Официјална Москва предупреди дека Европа ќе биде силно погодена во случај на вакво ембарго, бидејќи тоа ќе го наруши енергетскиот биланс на континентот, додека САД не се засегнати од таквата одлука.

Рускиот вицепремиер Александар Новак процени дека во таа ситуација цената на барел црно злато може да порасне до 300 долари.

– Европа не може целосно да се откаже од увозот на руска нафта, бидејќи тоа е невозможно да се компензира во овој момент – рече Новак. – Во случај на одбивање на нашите испораки, велам дека цената на нафтата ќе биде 300 долари за барел, додека некои проценуваат дека ќе биде 500 долари, додаде тој.

Саудиска Арабија во понеделникот соопшти дека нема да сноси никаква одговорност за каков било недостаток на снабдување со црно злато на глобалниот пазар, бидејќи нападите на јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, влијаат на производството во кралството.

Истовремено, Велика Британија планира да го преземе управувањето со малопродажните капацитети на „Газпром“ на Островот.

Вчера и Financial Times објави дека ЕУ најверојатно нема да им забрани на земјите од Западен Балкан да увезуваат фосилни горива од Русија.

Слични содржини