Бугарски авион принудно слетал во Ница, нема повредени патници

од Milan1
266 прегледи

Бугарски авион денеска имаше принудно слетување во Ница, поради технички проблеми со леталото, јавуваат бугарските медиуми.

Авионот „Ембраер“ на „Бугарија Ер“ полетал од Софија и требало да слета во Мадрид, но поради проблемите, барал принудно слетување во Ница.

Екипажот на авионот дал сигнал за тревога поради депресија на кабината во авионот. Слетувањето во Ница било безбедно и нема повредени патници. Од бугарското МНР појасниле дека принудното слетување било поради сомнеж за технички проблеми. Авиокомпанијата соопшти дека сите патници се добро.

Слични содржини