Денес бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов го посети Бигорскиот манастир.
„Во посета на Свештената бигорска обител на Чесниот Претеча денеска беше амбасадорот на Реублика Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов и аташето за култура Петар Петров, кои одблиску се запознаа со нашата милениумска Светиња“, посочија од Бигорски.
Во таа насока, Ангелов бил пречекан од игуменот на манастирот, г.Партениј кој истакнал која е мисијата на бигорското братство.
Инаку, Бигорскиот манастир е на мапата за посети на странските дипломати во земјава, со оглед на тоа дека минатата година истиот одбележа 1000 години постоење.