Премиерот на Бугарија Кирил Петков беше удрен со снежна топка во главата за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.
Бугарските медиуми пишуваат дека Петков бил погоден со снежна топка додека зборувал за единство за време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Бугарија.
3 март во Бугарија се празнува од 1991 година во чест на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, кој бил потпишан во 1878 година.