Царините предизвикаа револт кај републиканците, 13 претставници се подготвени да го „предадат“ Трамп

од Milan1
57 прегледи

Најмалку 13 претставници на Републиканската партија во долниот дом на американскиот Конгрес се подготвени да гласаат за закон со кој значително би се ограничила моќта на американскиот претседател во контекст на воведувањето царини, пишува „Аксиос“.

Иако американскиот претседател Доналд Трамп јавно се закани дека ќе ги поддржи противниците на оние републиканци кои се против неговата политика, лошото влијание на царините на берзите доведе најмалку 12 членови на оваа партија да размислуваат за „бунт“, односно гласање против неговите желби.

Нив ги предводи претставникот на државата Небраска, Дон Бејкон, кој официјално предложи закон со кој американскиот претседател треба да му објасни на Конгресот зошто одлучил да го стори тоа во рок од 60 дена од воведувањето на царините.

На негова страна јавно застанаа пратениците Џеф Херд и Ден Њухаус, но тој рече дека покрај овие тројца, за овој закон планираат да гласаат уште 10 нивни сопартијци.

Бидејќи Демократската партија јасно го осуди воведувањето тарифи, се очекува и нивните претставници да гласаат за овој предлог, што треба да биде доволно за мнозинство во Долниот дом на Конгресот.

Идентичен закон е предложен во Сенатот, горниот дом на Конгресот, од сенаторите Чак Грасли (републиканец) и Марија Кантвел (демократ). Аксиос објави дека најмалку шест републикански сенатори посочиле дека ќе го поддржат законот.

Трамп, од друга страна, рече дека ќе го искористи своето вето за да спречи да се донеси ваков или сличен закон. Во тој случај, двата дома на Конгресот мора да донесат идентични закони со двотретинско мнозинство за да се избегне ветото на Трамп.

Слични содржини