Цела ноќ ја малтретирал и мачел сопругата, таа утринава скокнала од прозорецот на станот: Уапсен маж од Бачка Паланка

од Илинка Илиоска
277 прегледи

Припадници на МВР во Бачка Паланка го уапсија локалниот жител В.К.(46), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоставување и тортура.

Се сомничи дека, синоќа, вербално и физички ја малтретирал својата партнерка која изутрината скокнала од прозорецот од станот на првиот кат.

На триесет и шестгодишна жена во Клиничкиот центар Војводина и била укажана лекарска помош, а на осомничениот изречена му е итна мерка забрана за пристап и комуникација со оштетената.

Нему му е одредена и мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен кај основниот јавен обвинител во Бачка Паланка.

Слични содржини