Цените на нафтата се приближуваат до 65 долари

од Milan1
23 прегледи

Цените на нафтата денеска се стабилизираа на меѓународните пазари близу 65 долари, бидејќи трговците ги преиспитаа оценките дека ескалацијата на тонот во трговскиот конфликт меѓу САД и Кина ги зголеми шансите за рецесија и ја загрози побарувачката на енергија.

На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по цена од 47 центи повисока од вчерашната затворена цена од 64,68 долари. На американскиот пазар поскапе за 52 центи на 61,22 долари.

Пазарите беа потресени кон крајот на минатата недела поради ескалацијата на трговските тензии, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 10 отсто на увозот од земјите ширум светот.

„Реципрочни царини“ се планирани и за увоз од трговски партнери кои континуирано бележат суфицит во трговијата со САД.

Така, кинеските производи ќе бидат предмет на дополнителна царина од 34 отсто од среда, со што вкупната американска давачка за кинескиот увоз ќе достигне 54 отсто.

Слични содржини