Чад излегувал од торба на патник: Евакуација на летот на „Американ ерлајнс“ во Сан Франциско

од Илинка Илиоска
49 прегледи

Чад во торба на патник поттикнал итна евакуација на летот на „Американ ерлајнс“ што утрово требало да лета за Мајами од меѓународниот аеродром во Сан Франциско.

Подоцна било утврдено дека чадот излегувал од лаптоп компјутер, соопштија официјални лица од авиокомпанијата. Едно лице се здобило со полесни повреди при излегување за што бил потребен транспорт во болница.

Патниците се евакуирани преку итни тобогани и импровизиран мост. Двајца други патници исто така пријавиле полесни повреди, соопшти противпожарната служба на Сан Франциско, која реагирала на инцидентот. Екипите го пријавиле за инцидентот додека патниците се качувале, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Летот на„ American Airlines 2045“ требаше да полета од Сан Франциско во 12:15 часот за Мајами. Истиот бече одложен за подоцна во текот на денот.

Стив Кулм, портпарол на Федералната управа за авијација, рече дека агенцијата ќе спроведе истрага за инцидентот.

Слични содржини