Чак Норис итно хоспитализиран на Хаваи, пред неколку дена го прослави 86. роденден

од Весна Трајкова
27 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Славниот актер Чак Норис денеска е итно примен во болница поради нарушено здравје, објави американскиот портал ТМЗ.

Чак Норис бил однесен во болница на хавајскиот остров Кауаи по медицински инцидент што се случил во последните 24 часа.

Деталите за оваа ситуација сè уште не се познати, но извори блиски до легендарниот актер тврдат дека, и покрај сè, тој е во добро расположение. Како што пишува ТМЗ, Норис сепак наоѓа време и енергија да се шегува.

Според достапните информации, тој почувствувал здравствени проблеми на островот Кауаи, по што побарал медицинска помош.

За потсетување, Чак Норис го прослави својот 86-ти роденден пред девет дена, а по тој повод објави видео од него како спарингува со својот тренер на социјалните мрежи.