Чешката влада: Нема да испраќаме војници да ја бранат Украина

од Milan1
219 прегледи

Чешка не планира да испрати војници во Украина, изјави портпаролката на чешкото Министерство за надворешни работи Ленка До.
„Сегашната чешка влада нема да испрати војници да ја бранат Украина“, рече таа, додавајќи дека Чешка учествува само во вежбите на НАТО на земјите-членки во Источна Европа.

Претходно чешкиот претседател Милош Земан изјави дека е против испраќање сили на НАТО во Украина и против испраќање чешки војници во Словачка, како што предлага Алијансата.

Сепак, портпаролката рече дека позицијата на претседателот за Украина се разликува од онаа на владата, пренесува „ТАС С“.

Таа посочи дека зборовите на Земан нема да им наштетат на односите меѓу Чешка и Украина и дека посетата на шефот на чешката дипломатија Јан Липевски ќе ја покаже поддршката на Прага за украинските власти.

Слични содржини