Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Пендаровски на неговиот официјален фејсбук профил порача дека ромскиот јазик е дел од ромската култура којашто со своите специфики претставува дел од мозаикот на нашето мултикултурно општество.
-Со одбележувањето на 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, придонесуваме во зачувувањето на мајчиниот јазик на ромската заедница чија култура и традиција ја збогатуваат севкупната културна ризница во нашата држава. Заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик се чекор нанапред за негово натамошно негување. Честит 5 ноември – Светски ден на ромскиот јазик, стои во објавата.