Четири лица илегално ја преминале границата и береле шумски плодови на Шар Планина

од Milan1
84 прегледи

Четири лица илегално ја преминале границата и биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови, информираат од МВР.

Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Слични содржини