Четири лица сите членови на едно семејство нападнале вработен на ЕВН

од Milan1
140 прегледи

Четворица насилници од Кичево, сите членови на едно семејство, на возраст од 28 до 63 години, добија кривична пријава откако нападнале вработен на „ЕВН“ кој извршувал работни задачи, соопшти полицијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ф.(63), М.Ф.(29), Џ.Ф.(32) и Р.Ф.(28), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.03.2025 во Кичево, по претходна расправија, пријавените физички нападнале вработен во ЕВН Македонија додека извршувал работни задачи“, велат од МВР.

Слични содржини