157
Најмалку 10 осомничени членови на банда биле линчувани на Хаити, а жителите на главниот град Порт-о-Пренс им ги запалиле телата, соопшти полицијата на Хаити.
Портпаролот на полицијата изјави дека група вооружени бандити возат низ главниот град, а полицијата имала намера да ги уапси.
Тој додаде дека озлогласениот криминален бос Карло Петиом е мртов, но не даде дополнителни детали за неговата смрт, пренесува Ројтерс.