Човек кој бил клинички мртов 10 минути опишал како се чувствувал откако се разбудил од кома

од Весна Петровска
35 прегледи

Британецот Метју Алик бил клинички мртов 10 минути, а сега открил како се чувствувал кога се разбудил од кома и како поминало неговото опоравување.

„Не се сеќавам на ништо додека бев клинички мртов, но се сеќавам дека по будењето од кома се чувствував како да сум спиел. Сè беше мирно. Беше како мирен сон“, изјавил тој, пренесува Metro.co.uk.

Почнал да се чувствува лошо кон крајот на август 2023 година, борејќи се со отежнато дишење и оток на стапалата.

„Стапалото ќе ми отекуваше, па следниот ден ќе се симнеше, па го игнорирав тоа. Препишував на ноќните смени на работа, мислејќи дека не се двидам доволно, но потоа почнав да се задушувам при извршување на едноставни работи. На пример, ако премногу брзо ќе се исправев, се чувствував како да сум трчал спринт“, кажал тој.

Една работна сабота, колега го повикал на спрат да го погледнат новиот апарат за кафе, а тој не можел да се искачи по скалите. Го замолил да повика итна помош. Лекарите утврдиле дека има неправилен работен ритам на срцето.

Рекле дека веројатно нема причина за грижа, но од претпазливост го однеле во болница. Кога стигнале таму, лекарот го замолил Метју да ја оцени својата болка на скала од еден до 10.

„Му реков дека претходно беше нула, но одеднаш стана 11 од 10. Тој рече дека не може да биде 11, а јас му реков: ‘Сега е 13’“, раскажал тој. По тоа падна .

Доживеал срцев застој предизвикан од белодробна емболија.

Лекарите му дале толку интензивна реанимација што предизвикала внатрешно крварење. Се сметал за клинички мртов неколку минути пред да го реанимираат и да го стават во кома.

На неговото срце и бели дробови биле откриени големи тромбови, па хирурзите извршиле неколку зафати во обид да ги отстранат. Тоа вклучувало користење катетер за раздвојување на тромбовите и повеќекратни трансфузии на крв, за кои Метју смета дека му го спасиле животот.

Неговото семејство било предупредено дека, ако некогаш се разбуди, можно е да биде во состојба на мозочна смрт. Кога се разбудил три дена подоцна, бил целосно свесен и имал само проблеми со помнењето.

Изјавил дека по будењето се чувствувал неверојатно мирно, како да се буди полека од длабок сон. По некое време се загрижил дека е парализиран бидејќи не можел да се движи, но потоа постепено почнал да му се враќа чувството во прстите.

Му било тешко да ги памети имињата на луѓето и да ги препознава боите, но со текот на времето се опоравил. И понатаму му се случува да му отекуваат нозете и да чувствува болка во градите.

„Никогаш целосно нема да се вратам во нормала затоа што до крајот на животот ќе пијам лекови за разредување на крвта“, изјавил тој.