Човекот на Трамп за Украина: Зеленски е борбен и храбар водач на нација во војна

од Milan1
26 прегледи

Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина.

„Долг и интензивен ден со лидерите на Украина. „Долги и позитивни разговори со Володимир Зеленски“, напиша Келог на својот профил на Икс.

Тој ја сподели изјавата на Зеленски на неговиот профил за нивната вчерашна средба, опишувајќи го украинскиот претседател како „борбен и храбар водач на нација во војна“, опкружен со „талентиран“ тим за национална безбедност.

„Украина е подготвена за силен, навистина корисен договор со претседателот на Соединетите Американски Држави за инвестиции и безбедност. Предложивме најбрз и најконструктивен начин за постигнување резултати. Нашиот тим е подготвен да работи 24 часа на ден“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој изјави дека имал добар и темелен разговор со Келог и за ситуацијата на фронтот и за безбедносните гаранции.

Слични содржини