Цистерна излетала од патот, мештаните се собрале да наточат гориво, над 90 настрадани

од Milan1
64 прегледи

Најмалку 94 лица загинаа во северна Нигерија кога експлодираше цистерна со гориво што учествуваше во несреќата. Мештаните се собрале околу излетаното возило за да наточат гориво, по што дошло до детонација, пишува Cи-Ен-Ен.

„Околу 23 часот и 30 минути во градот Маџија, возачот на цистерната изгубил контрола во близина на Универзитетот Кадија и цистерната експлодирала“, рече портпаролот на локалната полиција во соопштението.

Тој исто така рече дека уште 50 лица се хоспитализирани поради повреди од различен степен поради експлозијата.

Слични содржини