Црниот биланс по масакрот во Москва се искачи на 115 потврдени жртви

од Симе Стоиков
294 прегледи

Бројот на загинатите во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва се искачи на 115, објави денеска Рускиот истражен комитет што е новиот биланс на нападот.

„Во моментов е утврдено дека загинале 115 лица, меѓу кои и три деца“, пренесува Гардијан.

Досега руското Министерство за здравство го објави идентитетот на 41 лице за кои се знае дека се убиени.

Напаѓачи облечени во маскирни униформи упаднаа синоќа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија.

Според агенцијата, според прелиминарните податоци, луѓето загинале од прострелни рани и труење. За време на нападот терористите употребиле автоматско оружје и со запалива течност ги запалиле просториите на концертната сала.

Напаѓачите, наводно, побегнале со автомобил, а одговорноста за овој чин ја презеде Исламската држава, која објави кратко соопштение преку каналот Телеграм на новинска агенција поврзана со терористичката група.

Шефот на руската Федерална служба за безбедност утринава соопшти дека се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои директно учествувале во нападот.

Горните катови на салата Крокус се речиси целосно изгорени, а над градот може да се забележи чад.

Слични содржини