CrowdStrike се извинува на клиентите за милијардите загуби со неисправни ваучери за храна од 10 долари: „Извинете за непријатностите“

од Илинка Илиоска
32 прегледи

CrowdStrike, компанијата зад глобалниот ИТ неуспех, чии штети се проценуваат на милијарди американски долари, на клиентите им подели бонови за храна во вредност од десет долари како извинување. Но, проблемот е што тие не функционираат.

„Ги разбираме проблемите со кои наидовте и дека беше дополнителна работа за да се реши проблемот, и затоа упатуваме искрена благодарност и извинување за непријатностите“, рече CrowdStrike па ги испрати ваучерите што не функционираат.

Се разбира, испраќањето вакви ваучери до компаниите кои изгубиле милиони долари е критикувано, но технолошките компании одамна се заштитуваат себеси на таков начин што не одговараат доколку нивните производи предизвикаат штета на нивните корисници.

Ова е потврда дека забрзаниот развој на технологијата не е проследен со подеднакво забрзани и избалансирани закони и прописи, кои важат за сите други компании. Замислете ако автомобилските компании, или која било друга, не беа одговорни за дефекти што беа апсолутно нивна вина.

Како и да е, CrowdStrike повторно се најде во фокусот на јавноста, повторно и го наруши имиџот, а оние кои тврдат дека конкурентните решенија како SentinelOne, Harmony Endpoint, Cortex XDR, Symantec… стануваат се погласни и погласни.

Нема да го врати изгубеното, а во прашање се милијарди. Во извештајот на Parametrix се наведува дека вкупната директна финансиска загуба на американските компании од Fortune 500, без Мајкрософт, изнесува 5,4 милијарди долари, пренесува Sky News.

Слични содржини