Црвена младина: Студентите оставени сами да се борат со ѕверките во Стивските степи

од Milan1

„По веста и фотографијата со змија приклештена на вратата од мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, како и изјавата на директорот на домот, Виктор Велевски дека треба да се одржува теренот околу домот затоа што не само студентите туку во опасност се и жителите од тој дел на Скопје, активисти на Црвена Младина беа на терен да ја проверат состојбата“, известуваат преку соопштение од младинското движење на Левица.

„И покрај фалбите на директорот денешната состојба на терен покажува нешто друго. Тревата утрово делумно е искосена, но само пред мензата и пред управителската барака. Поголемиот дел од тревиштата во студентскиот дом се оставени на студентите сами да се борат со ѕверките во Стивските степи.

Имено, овој проблем е повеќегодишен и претходно се имаа појавено змии во бараките каде што студентите престојуваат. Но и покрај тоа што ваквата состојба е позната на раководството во делот каде што живеат студентите тревата сѐ уште не е искосена и постои голем ризик змиите и таму да се појават.

Црвена младина го прашува раководството на студентскиот дом дали ќе чека да се појават змии и кај бараките за да биде расчистен теренот од непроодни треви?“, се вели во соопштението на Црвена младина.

Слични содржини