Во текот на денешниот ден, до 20 часот, имало вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, еден е под контрола, а изгаснати се 10, известуваат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во општината Чашка, на планина Мукос, кај селото Степанци и местото викано Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица каде што гори мешана шума;
Во Долнени, село Десово – село Дреновци префрлен од село Степанци, општина Чашка;
Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (гори нискостеблеста шума и сува трева);
Општина Студеничани: село Љубош – село Горно Количани кај каменолом Вртекица (кадешто гори ниска вегетација);
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (гори ѓубре и сува трева).
Под контрола е пожарот во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, местото викано Крста каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Во текот на денешниот ден, како што информираат од ЦУК изгаснати се десет пожари.