Цветан Панделевски: Не е проблем да се спогодам и јас за „Империја“, но прво Обвинителството да каже дека сум невин

од Radmila Tasevska
307 прегледи

Сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделевски, со прво и последно обраќање кон Македонската јавност вели: не ми било својствено во мојата три децениска кариера како стопанственик да бидам јавно експонирање, причината за моето обраќање е секојдневното добивање прашања од блиски пријатели, но и од луѓе кои не ме познаваат.

-Ова е мое прво и последно обраќање кон Македонската јавност. Не ми било својствено во мојата три децениска кариера како стопанственик да бидам јавно експонирање. Мојот фокус беше на работата градењето на моите компании и најверојатно најголемиот национален трговски бренд „Пелистерка“ и се разбира здравјето на моето семејство, вели Цветан Панделевски.

Пенделевски вели, причина за обраќањето е секојдневното добивање прашања од блиски пријатели, но и од луѓе кои не ме познаваат.

-Сите тие ме прашуваат: „Добро Цветан, другите двајца Мијалков и Камчев се спогодија со обвинителката Лиле Стефанова си платија признаа вина и завршија со обвинителниот акт зошто ти не го направи тоа?“-Одговорот ќе го дадам пред целата јавност, пишува Панделевски.

Тој додаде: „Затоа што сум невин немам направено никаков криминал. За што да се спогодувам. Нема да навлегувам во туѓи аргументи, нема да обвинувам други обвинети. Но, бараме јасен одговор од страна на обвинителката Лиле Стефанова. За кое дело од обвинителниот акт сега ќе ме гоните мене што јас сум направил кога вие со спогодбиате која ги направивте и ги покривте 80% побарувања од вашето обвинение. Еве линк јавно сте го поставиле: https://jorm.gov.mk/postignati-spogodbi-za-del-od-predmetot-imperija/

Овде вие самите сте потпишале спогодба со која сте се договориле. Не разбирал што јас сум сторил?“- вели Цветан Панделевски.

– Целиот живот придонесувам во економско општествениот живот во Македонија, сè што сме заработиле сме инвестирале повторно дома, никогаш не сум се соочил со било какви обвиненија кон мене ниту пак недај боже судски процеси до овој момент. Моите години ми даваат за право да го бранам мојот став и немање вина, јас не можам да правам спогодби кога знам дека сум целосно невин, дека конструкцијата во обвинителниот акт на обвинителството е целосно неоснована во правен смисол, и убеден сум дека судот истата ќе ја препознае, напиша Цветан Панделевски, и додаде, врз основа на тоа, идните обвинители ќе имаат можност да учат како не треба да работаат. За мене правдата, значи и слобода, а слободата е право дадено од Господ. Со никакво дејствие на било кој, не може да се одземе неосновано.

Тој очекува дека Основниот кривичен суд ќе го прифати приговорот на неговиот адвокатски тим, исто така очекува да биде прогласен за невин.

Слични содржини