Дачиќ: „Напаѓачите на Мијатовиќ се идентификувани, едниот е уапсен, а другиот ќе се предаде“

од Илинка Илиоска
356 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека полицијата ги идентификувала двајцата напаѓачи на Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата БиХ, кој беше убиен завчера во Белград, а еден од нив Ф.Б. (16) веќе уапсен.

Дачиќ во изјава за новинарите рече дека вториот напаѓач Н.З. (17) преку мајката рекол дека во текот на денот ќе се предаде.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА МАЛОЛЕТНИОТ УБИЕЦ: Заврши сослушувањето на тинејџерот осомничен за убиството на Мијатовиќ

Ѓорѓе Милатовиќ  почина вчера во Ургентниот центар од повреди на главата што му ги нанеле хулигани кои го удриле во главата кога излегол на игралиште да го брани синот. Обдукцијата, според неофицијални информации, покажала дека добил шест удари во главата, од кои еден во пределот на слепоочницата. Токму овој удар предизвикал пукање на черепот, што довело до епилептичен напад и срцев удар.

Малолетник осомничен за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ изведен пред судија

Слични содржини