47
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека загинале 11 лица, при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад. Тој за ТВ Пинк изјави и дека три лица се спасени.
„Спасени се и две жени кои биле под урнатините со кои имале контакт во текот на денот“, вели Дачиќ.
Тој рече дека дошло до недоразбирање со медиумите, а девојката која е спасена нема 14 туку повеќе од 20 години, но тоа е помалку важно.
„Меѓу жртвите има и дете“, изјави Дачиќ.