Дачиќ за смртта на братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата БиХ: Случајот ќе се реши, се трага по двајцата

од Илинка Илиоска

„Се утврдуваат фактите како настапила смртта. Мора да се изврши обдукција. Полицијата синоќа околу 18-19 часот добила повик дека имало тепачка и отишле на таа адреса во општина Вождовац каде ги нашле повредените“, рече српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за ТВ „Блиц“.

Според сопругата на починатиот, до конфликт дошло откако нивните деца се пожалиле дека двајцата кои го претепале починатиот не сакале да им ја вратат топката на децата.

-Таткото излегол, настанала гужва и кога жената излегла дознала дека имал конфликт со двајца млади момчиња. Тој бил пренесен во Ургентниот центар каде починал. Се утврдува причината за смртта – вели Дачиќ.

– Лекарите велат дека имало некакви здравствени проблеми, епилептичен или можеби инфаркт, но тоа сега е прашање. Најголем проблем е што нема камери и што нема сведоци кои точно ќе утврдат што се случило – изјави Дачиќ за ТВ „Блиц“.

Тој нагласи и дека случајот сигурно нема да остане нерасчистен, како и дека полицијата трага по учесници во конфликтот.

Починатиот Ѓорѓе Мијатовиќ е брат на потпретседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина
и министер за развој и претприемништво, Војин Мијатовиќ. Истрагата ја презеде Вишото јавно обвинителство во Белград.

Слични содржини