(ВИДЕО) Дали е можно? Холивудската ѕвезда заспа на натпреварот на Новак, камерата забележа урнебесен момент

од Milan1
11 прегледи

Во моментите кога се „кршеше“ првиот сет од четвртфиналето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флави Коболи, познатиот актер Хју Грант – заспа?!

Ако тенисот може да биде напорен спорт, може. Но, малку е веројатно дека тенисот може да биде здодевен.

Сепак, заморот се чини дека го зеде својот данок врз Грант, кој се најде на трибините за време на четвртфиналниот натпревар.

Се играше тај-брејк, Коболи водеше со 3:2, а драмата во тој момент сигурно го достигна својот врв. Но тоа не помогна Грант да остане буден, а камерата го фати моментот кога се чинеше дека заспива.

Слични содржини