Луѓето кои се во близина на таканаречената вакуумска бомба буквално можат да испарат, оние кои се подалеку се здобиваат со тешки изгореници, а од ударот особено се оштетени белите дробови.
Украина и понатаму силно се спротивставува на руските војници кои со сите сили се обидуваат да го заземат главниот град Киев. Но, тие не се многу успешни во тоа.
Западните власти затоа предупредија дека Владимир Путин би можел да се префрли на употреба на термобарично оружје, пишува „ИНЕВС“.
Украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова вчера изјави дека Русите веќе користеле вакуум бомба, која е забранета со Женевската конвенција.
Но, што е термобарично оружје и колку е тоа опасно?
Го нарекуваат и татко на сите бомби, а работи со користење на кислород од околниот воздух за да создаде експлозија на висока температура, што го прави многу посмртоносен од конвенционалното оружје.
Луѓето кои се во близина на таканаречената вакуумска бомба буквално можат да испарат, оние кои се подалеку се здобиваат со тешки изгореници, а од ударот особено се оштетени белите дробови.
Термобаричното оружје беше развиено од Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз во 1960-тите.
Во септември 2007 година, Русија го активираше најголемото термобарично оружје некогаш направено, создавајќи експлозија од 39,9 тони.
Западните сојузници стравуваат дека Русија би можела да употреби термобарично оружје против украинските сили ако продолжат да даваат отпор. Тие веруваат дека бидејќи руските сили ги промашиле повеќето од нивните цели на првиот ден од инвазијата, би можеле да прибегнат кон неселективен оган за да ги надоместат загубите на теренот. Еден официјален претставник рече дека ова би можело да вклучи термобарично оружје за кое е познато дека Русија го има во својот оклоп и го користела во минатите конфликти.