„Дали Швајцарија конечно е доволно албанска“, Мурат Јакин доби шок прашање

од Milan1
43,8K прегледи

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин на прес-конференција доби бизарно прашање. До микрофонот дојде швајцарскиот стенд-ап комичар Јозо Брика и го праша Јакин „дали Швајцарија конечно е доволно албанска?“, што го збуни селекторот на оваа репрезентација.

Причина беа големиот број фудбалери кои по потекло се од Албанија, а Јакин во својот одговор го спомена и Косово.

– Албанскиот во еден момент ќе стане петти национален јазик во Швајцарија – рече тој со иронична насмевка на лицето, а потоа додаде:

– Не правам никакви разлики. Пораснав и во средина со различни националности. Во сегашната генерација имаме добри играчи кои доаѓаат од Албанија и Косово. Во мојата тренерска кариера отсекогаш сум имал различни култури.

Сето ова се случи непосредно пред Европското првенство каде Швајцарците ќе бидат во група со Германија, Шкотска и Унгарија.