Дали Свифт повторно ќе го поддржи Бајден на изборите? Тој вели дека тоа е „доверливо“

од Radmila Tasevska
225 прегледи

Претседател на САД, Џо Бајден, гостин во емисијата на телевизиската мрежа NBC News во понеделникот вечерта, зборуваше за „теориите на заговор“ поврзани со него и поп-ѕвездата Тејлор Свифт и подготвено одговори на прашањето дали пејачката ќе го поддржи на изборите во 2024 година, велејќи дека „тоа е доверливи информации “, пренесе Стандард лајф.

Во емисијата „Late Night with Seth Meyers“ во понеделникот вечета по локално време, 81-годишниот Бајден разговараше со комичарот и водител Мејерс за шпекулациите дека претседателот и пејачката се „во дослух“.

Мејерс рече дека неодамнешната анкета покажала дека 18 отсто од Американците веруваат дека Бајден и Свифт соработуваат.

„Дали можете да потврдите или негирате дека постои активен заговор меѓу вас и г-ѓа Свифт?“, го праша Мејерс претседателот Бајден.

„Од каде ја добивте таа информација?“, одговорил претседателот смеејќи се. „Тоа е доверливо“, додаде.

Се смета дека огромната популарност на Свифт меѓу младите значително би придонела за популарноста на претседателот во периодот на трката за реизбор во 2024 година, откако го поддржа Бајден во кампањата за изборите во 2020 година.

„Дали мислите дека тоа би можело да се повтори?“ праша Мејерс. Но, Бајден со насмевка одговори: „Ви реков, тоа се класифицирани информации“.

Настапот на Бајден во шоуто се смета за негов последен обид да се поврзе со помладите гласачи и да ја отфрли загриженоста за неговата напредна возраст, откако извештајот на специјалниот советник покрена прашања за неговата меморија и ментална јасност.

Слични содржини