„Телефоните, малите метални предмети, накитот и слично, не привлекуваат молњи. Луѓето ги погодува гром затоа што се наоѓаат на погрешно место во погрешно време. Погрешно место е каде било надвор, а погрешно време е невреме со грмотевици во близина“, вели Џон Џесениу, експерт од Националната метеоролошка служба на САД.
Митот дека телефоните привлекуваат молња настана пред многу години, а во меѓувреме успеа да се прошири без никаква основа за тврдењата.
Лекарската фела е свесна за постоењето на различни дезинформации кои кружат на оваа тема, а д-р Мери Ен Купер од Универзитетот во Чикаго се осврна токму на ова прашање во нејзината работа за повредите од гром:
„Медицинската литература и медицинската пракса изобилуваат со примери на митови дека произлегуваат од погрешно прочитани, погрешно цитирани или погрешно интерпретирани информации, кои потоа се пропагираат без дополнителна истрага“, вели Ен.
Според д-р Купер, иако многу извештаи за повреди од гром вклучуваат луѓе кои користат мобилни телефони, овие извештаи се должат на сеприсутноста на овие уреди, како и на невниманието на нивните корисници на временските услови и немаат никаква врска со самите телефони.
Националната метеоролошка служба на САД објаснува – висината, шилестите предмети и изолацијата се доминантните фактори кои контролираат каде ќе удри гром.