Даниел Стојчевски од ЗНАМ: Родена е третата политичка сила во македонскиот политички блок, граѓаните испратија јасна порака

од Симе Стоиков
265 прегледи

Даниел Стојчевски, носител на листата во ИЕ 2 од редовите на ЗНАМ денес одржа прес-конференција на која што кажа:

-Родена е третата политичка сила во македонскиот политички блок, граѓаните испратија јасна порака.Изборното востание со својата незапирлива позитивна енергија се шири низ цела Македонија.

На граѓаните им е доста од неказнета корупција,неправда,сиромаштија,лажни ветувања и криминална власт.Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,искрено и чесно сме посветени на идејата нашата татковина да ја иградиме како просперитена држава во која обединето живеат среќни граѓани ,и никогаш нема да дозволиме граѓаните да бидат поделени по политичка, етничка или верска припадност.

Ви благодариме на вашата подршка и вашиот глас кој го дадовте за просперитетна Македонија,ви благодариме за довербата која ни ја давате да стигнеме до нашата заедничка цел да ја видиме Македонија таму каде што заслужува да биде.

Слични содржини