Данската премиерка нападната во Копенхаген

од Milan1
807 прегледи

Данската премиерка Мете Фредериксен вечерва била нападната во Копенхаген. Од кабинетот на премиерката потврдија дека имало напад. Според првичните информации, уапсено е едно лице.

Владини извори велат дека Фредериксен е физички добро, но многу вознемирена.

Идентитетот на уапсениот не е познат, локалните медиуми јавуваат дека станува збор за маж. Не е познат и мотивот за нападот, како и дали Фредериксен е повредена.

Според информациите, премиерката на Данска била нападната недалеку од нејзината резиденција, додека се занимавала со свои приватни работи.

Медиумите потсетуваат дека Фредериксен неодамна водеше кампања со својата партија на изборите за Европскиот парламент.

 

Слични содржини