Решението за избори е конкретен управен акт, кое поради правна и фактичка невозможност за извршување, „виша сила“ не можеше да се спроведе и да има избори на 12 април, за Слободен печат oбјаснува универзитетскиот професор Борче Давитковски кој посочува дека не треба да се прави правна гимнастика од нешто што е правно јасно, бидејќи во случај на распуштено Собрание, вонредна состојба поради пандемија и одложени избори, спикерот Талат Џафери, треба да донесе ново решение за избори, а старото да го поништи.

Давитковски вели дека по завршувањето на вонредната состојба, ДИК треба да го прочисти Избирачкиот список. Потоа 20 дена пред рокот кој ќе се утврди за избори да почне кампањата и да продолжи се како што треба.

-На спикерот Џафери кој е технички претседател на Собранието и ги врши како што и тој самиот вели административните работи (потпишува плата на пратенциите) мандатот му трае 4 години. Тој треба да си го поништи своето Решение за избори и да си донесе ново Решение во кое ќе го определи терминот за одржување на изборите, кој најверојатно ќе се договара на лидерската средба. Кога нашите, условно речено „поглавици“, ќе се договорат кога да бидат изборите, тогаш ќе почнат да течат роковите. Не знам зошто се прави правна гимнастика од нешто што е сосема јасно, во услови кога е распуштено Собрание нема жива сила која ќе го свика повторно Собранието. вели Давитковски.

Во меѓувреме, претседателот Стево Пендаровски доби согласност од двајцата лидери на двете најголеми партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, за лидерска средба.

 

Слични содржини