Како сопственик на консталтинг компанијата Де-Инвест, која уште од 2007 година соработува со реномирани интернационлани клиенти ексклузивно застапувајќи ги во настапот на меѓународните пазари, Беким Земоски и Де-Инвест се меѓу компаниите кои интензивно работат и на привлекување на странски инвестиции и партнери кои би инвестирале во Македонија. Од неодамна, компанијата најави и конкретни инвестиции во земјата во партнерство со интернационални компании во делот на енергетиката.
Сопственикот Беким Земоски, чие име во минатото беше споменувано и во медиумите во своето 20-годишно искуство работел на голем број значајни развојни проекти, како за компании, така и за владиниот сектор. Она што се издвојува во кариерата на Земоски, покрај успешното претприемништво, е и меѓународното политичко искуство. До 2005 година, тој работи како советник во Владата на тогашниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски. Земоски е директно одговорен за поддршка на кандидатскиот статус на земјата во ЕУ, координација на меѓународни проекти, како и за односите со повеќе германски компании и институции.
Во декември 2005, Земоски станува советник и во германскиот владин тим нa Д-р Тео Вајгел, поранешен германски Сојузен министер за финансии во Владата на Хелмут Кол. Со својот ангажман тој значително придонесува да се обезбеди поддршката на Франција и Германија за кандидатскиот статус на Македонија во ЕУ. Како советник, Земоски ја поддржува Република Македонија во своите ЕУ и НАТО интеграции, развива односи сo меѓународни инвеститори и обезбедува експертски консултантски услуги за интеграција на земјата со европските институции.