Делови од повеќе скопски општини утре ќе останат без струја

од Milan1
61 прегледи

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците.

На ден 22.01.2025 година (среда) без струја ќе бидат:

-Во период од 09:00 до 12:30 часот дел од корисниците од ул. 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари );

-Во период од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Улица Бутелска 13 и Улица Бутелска-крак Серава(општина Бутел);

-Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ГОРНО СОЊЕ – ул.8(општина Сопиште);

-Во период од 08:00 до 14:00 часот корисниците од ул.Никола Малешевски, сите 4 влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, Ул.Ферид Мурати бр.4 (пензионерски дом Чаир),и Средно училиште Цветан Димов(општина Чаир);

-Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор(општина Ѓорче Петров);

-Во период од 08:30 до 09:00 часот дел од корисниците од Ул. Архепископ Доситеј зграда број 2(општина Бутел).

Слични содржини