Денес ЕУ се договора со „Модерна“: 160 милиони дози од вакцината, секоја земја членка ќе биде снабдена

188 прегледи

Фармацевтската компанија „Модерна“ склучи договор со Европската унија за снабдување со 160 милиони дози вакци против Ковид 19.

Ова вчера го истакна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Имено, истиот договр ќе биде денес одобрен од страна на извршната власт во ЕУ, посочи таа.

„Резултатите од клиничките испитувања покажуваат дека оваа вакцина е многу ефикасна против Ковид 19. Секоја земја членка на Унијата ќе ја прими оваа вакцина пропорционално, во моментот кога ќе се докаже дека навистина е безбедна и ефикасна“, посочи фон дер Лајен.

Деталите за договорот ќе бидам познати денес по потпишувањето на истиот, додека претходно Брисел потпиша договори за повеќе од 100 милиони идни вакцини како што се „Џонсон и Џонсон“, „Санофи – ГСК“, „Астра Зенека“, „Фајзер и Бионтек“ и онаа на „Куре Вак“.

Слични содржини