Денес Сараево е трет најзагаден град во светот

од Radmila Tasevska

Сараево и утринава е меѓу најзагадените градови во светот со индекс на квалитет на воздухот 240, во Илијаш е 201, Зеница 198, Какање 179, Високо 177, Јајце и Бањалука 156.

Според податоците на IQAir, Сараево е трет најзагаден град во светот, по пакистанските Лахоре и Делхи.

Во сите градови има особено висока концентрација на ПМ10 честичките, податоците ги собира невладината организација Еко акција, објавија сараевските медиуми.

Слични содржини