Денеска е роден Оливер Драгојевиќ: Во последната порака кажа што е најважно во животот

од Radmila Tasevska
378 прегледи

Оливер Драгојевиќ денеска ќе го прославеше својот 76 роденден.

На 7 декември 1947 година е роден како петто и најмало дете во семејството на таткото Марко и мајката Ката. Првите години од животот ги поминал во Вела Лука, а откако татко му Марко се вработил во Капетанијата на пристаништата, со мајка му Ката и постариот брат Аљоша се преселил во Сплит и живеел во Грипе.

Но, љубовта кон Вела Лука никогаш не згасна. Тој на крајот и беше погребан таму, пишува „Индекс“, цитира Стандард лајф.

Уште од мали нозе знаел дека музиката ќе има клучна улога во неговиот живот. Кога имал само пет години, од татко му добил хармоника со која постојано ги забавувал децата на улица, а потоа развил љубов кон многу други инструменти.

Иако посетувал музичко училиште, подоцна ја развил својата љубов кон музиката надвор од академските кругови. На 14 години настапувал на детски фестивал, а целото слободно време го поминувал снимајќи популарни песни кои подоцна ќе ги изведе со својот брат.

Сними незаборавни хитови зад кои стојат долгогодишни соработници и пријатели како Зденко Руњиќ и Јакша Фиаменго, а подоцна и Златан Стипишиќ Џибони, чија „Цесарица“ го претвори Оливер во мегаѕвезда.

Во една прилика откри на кои песни и самиот се ежел додека ги изведувал.

„Има неколку нови песни кои се уште не „легнале“, но би рекол дека тоа се „Galeb“, „Magdalena“, „Nocturno“, „Ništa nova“, „Ostavljam te samu“, изјави Оливер во интервју за РТС.

Последен пат им се обрати на обожавателите неколку месеци пред смртта

Тој требаше да го прослави 70-тиот роденден со големи концерти во Сплит, со кои планираше да одбележи 50 години од кариерата, но за жал болеста го спречи во тоа, па концертите на крајот беа откажани.

Но, неколку месеци подоцна, во јануари 2018 година, Оливер им се обрати на своите обожаватели на наградите „Порин“, каде што ја доби наградата за животно дело.

„Би сакал да споменам еден човек кој одбележа половина од мојот живот, а тоа е Зденко Руњиќ. Околу мене се создадоа многу добри луѓе и овој пат болеста ме прекина и не можам да бидам со тебе. Како дете сакав да играм и да пеам и некако тој сон беше скратен. Ги поздравувам сите добри луѓе кои беа околу мене и кои ме поддржаа во таа криза. Ми се чини дека има уште време за пеење и играње и ако работите се подобрат, ќе биде добро“, изјави тогаш Оливер преку видео повик.

„Бев малку болен, па не можам да бидам со вас вечерва. Многу добри луѓе се со мене и ако се подобрат работите, повторно ќе пееме. Благодарам на моето семејство и на луѓето кои се потрудија да ми олеснат, а тука е и Онкологија Сплит“, се заблагодари тој.

„Што да ви кажам освен – уживајте луѓе, бидејќи што е животот освен фантазија“, за последен пат им порача Оливер од својот дом на обожавателите и доби огромен аплауз.

Почина на 29 јули 2018 година, но сеќавањето на неговиот лик и музика никогаш не избледе.

Слични содржини