Денеска, 31 октомври, се одбележува Светскиот ден на штедењето, иако цел месец октомври е во тој знак. Овој празник, официјализиран на меѓународно ниво, уште еднаш не потсетува колку е важно адекватно и рационално да се располага со парите.

Тоа беше особено видливо во времето на пандемијата, кога пазарите станаа неизвесни и несигурни, а граѓаните беа соочени со бројни предизвици како да заштедат пари за „црните денови“, односно како да заработат повеќе.

Истражувањата потврдуваат дека се повеќе граѓани избираат банка – како место за штедење, наместо куќа, перница или некое друго „ќоше“ за чување пари. Доколку, пак, одлучите да и ги доверите парите на банката, обрнете внимание на условите за штедење: која е номиналната и ефективната каматна стапка, колку пари можете да депонирате, какви видови заштеди нудат и колку безбедна е самата банка.

Доколку одлучите да ги задржите парите во вашиот дом, можеби ќе ви помогнат овие трикови за успешно штедење, но и местата кои луѓето ги означиле како „безбедни и креативни“.

Правете неделни буџети

Многу важна ставка во обид да управувате со огромните трошоци. Кога ќе ги одбиете фиксните трошоци, откако ќе ви се намали заработката, пресметајте колку пари имате на располагање и што ви останува за дополнителни трошоци.

Следете го правилото „48 часа пред купување“.

Почекајте најмалку два дена за да се смират вашите впечатоци пред да купите производ. Иако кога велиме „кликни“, мислиме на онлајн купување, истото важи и за физичките дејствија. Лесно ќе се вратите и ќе гокупите производот, доколку размислувате за него и во следните 48 часа.

Стратегијата е клучна

Размислете што е важно и приоритетно за вас и направете список, бидејќи само така ќе можете да го следите текот на трошоците. Ако купувате по случаен избор, без претходен план, лесно можете да западнете во маѓепсаниот круг на импулсивно купување.

Каде да се сокријат сите пари?

Според искуствата на некои штедачи, парите можете безбедно да ги складирате во кауч, внатре во книгата, во оставата, во маската за мобилни телефони, па дури и во чорапи. Исто така, други интересни места се тегла со бисквит, кутија за чевли, рамка за слика, перница.

Ве потсетуваме и на една стара анегдота:

Имено, група студенти купиле половен кауч за 20 долари, а подоцна во него пронашле дури 41.000 долари! Сепак, тие решиле да му ги вратат парите на сопственикот на каучот кој ги донирал. Неговата сопруга со години штедела пари во каучот, за на крајот да заборави на нив.

Значи, никогаш не се знае… Само бидете мудри, не заборавајте ги парите и чувајте ги на лесно достапни места.

Слични содржини