135
Денес во Брисел започнува дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО, на која ќе се разговара за одвраќање и одбрана на Алијансата и зајакнување на поддршката за Украина.
Како што соопштија од Алијансата, со состанокот ќе претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Во рамки на самитот за денес е предвиден и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.