Денеска во Брисел почнува дводневен самит на министрите за одбрана на НАТО

од Radmila Tasevska

Денес во Брисел започнува дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО, на која ќе се разговара за одвраќање и одбрана на Алијансата и зајакнување на поддршката за Украина.

Како што соопштија од Алијансата, со состанокот ќе претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во рамки на самитот за денес е предвиден и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.

Слични содржини