339
АМЕРИКАНСКИОТ актер Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа Диор вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање на парфем за мажи. Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега.
Извор од американскиот магазин Variety потврди дека Диор потпишал тригодишен договор со Деп, а вредноста се проценува на 20 милиони долари. Познатиот актер е заштитно лице на парфемот на Dior Sauvage откако се појави на пазарот во 2015 година.
Бернард Арнаулт, шефот на матичната компанија на Диор, LVMH, покажа слика на Џони Деп како една од главните причини зошто Sauvage постигна значителен успех.