Дерала за изборниот модел: Потребно е да се изгради систем, со прецизни, логични и остварливи законски решенија

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Актуелноста на една изборна единица не ја одминува ниту оваа предизборна година. Поголемите политичките партии во Собранието излегоа со свои предлози за една изборна единица, изборен праг од пет отсто и отворени листи. И покрај поддршката за една изборна единица, сепак, начинот на нејзино воведување е подолг и комплициран процес.

Од друга страна, идејата не е нова. Уште во времето на режимот на Груевски, таа се чинеше како добро решение и дојде како препорака на ЦИВИЛ.

Од СДСМ, пак, потсетија дека тоа е нешто што тие го заговараа уште во изборната 2016 година. ВМРО-ДПМНЕ, како и неколку други партии, постојано промовираат идеи и предлози за измени во изборниот систем, често контрадикторни едни на други.

„Уште еднаш можеме да видиме дека политичките партии, освен што знаат да си присвојат добри идеи, предлози и знаења, не знаат, и по многу години, да му дадат признание на невладиниот сектор дека, сепак, предлозите потекнуваат од нив. Тоа е една забелешка што ја имаме со години наназад“, вели во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг и бројни анализи и истражувања во областа на изборната проблематика.

Според него, потребно е да се изгради систем, со прецизни, логични и остварливи законски решенија. Дури потоа може да се менува изборниот модел.

„Мора да се изгради системот во насока на прецизни, добри, логични законски решенија кои е возможно да се имплементираат и кои ќе содржат јасни одговорности и мерки за санкционирање доколку не се спроведат. Потоа можете да воведете каков сакате модел и тој ќе може да функционира. Ако ги немате тие премиси, можете каков сакате модел, колку сакате изборни единици да воведете, какви сакате листи, отворени, преференцијални, затворени да воведете – нема да вреди ништо“, категоричен е Дерала.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини