Дерипаска најде алтернатива на Суецкиот канал во Русија

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Рускиот милијардер Олег Дерипаска ја смета Трансибирската железница за алтернатива на Суецкиот канал.

„Во периодот јануари-февруари, Кина го удвои транспортот на стоки со железницата преку Русија и Азија. Зголемувањето на цените и долготрајната испорака преку море го принудуваат Пекинг да го зголеми транспортот на стоки преку железница. Неодамнешниот инцидент во Суецкиот канал само ја зајакна позицијата на меѓународната заедница дека е неопходно да се развие железнички транспорт на стоки од Азија до Европа“, напиша тој на својот канал на Телеграм

Според него, Русија има неколку проекти, кои можат да бидат алтернатива на популарната траса, од кои најважна е модернизацијата на транссибирската железница.

Милијардерот се надева дека ситуацијата во Суецкиот канал ќе им овозможи на „Руските железници“ поинаку да гледаат на транзитниот сообраќај.

„Најочигледна и економски оправдана цел е да и се даде можност на Русија да го развие главниот центар – врската помеѓу Европа и Азија“, убеден е бизнисменот.

Тој потсети дека неговата претходна идеја за реконструкција на водечките железнички линии, т.н. „Сибирски тракт“, може да стане алтернатива на новиот кинески „Пат на свилата“ и дека е неопходно оваа иницијатива да се претвори во национален проект.

Претходно, Руски железници соопштија дека компанијата забележува постојан пораст на клиенти кои бараат транспорт на контејнери, неповрзан со неодамнешната состојба во Суецкиот канал. Тие се подготвени да го зголемат обемот и планираат да ги развиваат своите услуги.

„Руски железници“ забележаа повеќекратно зголемување на обемот на транзит на контејнери на релација Кина-Европа-Кина од април 2020 година. Просечната брзина на испорака на контејнери во главните линии е во просек 1.100-1.200 километри на ден. Што е многу повеќе отколку во поморскиот и патниот сообраќај, што се однесува до авијацијата, имајќи ја предвид првата и последната милја, повеќе и во однос на сите контејнери на терминалите. „Руски железници“ забележаа дека е обезбедена стабилна царинска политика, бидејќи стапките за транзит на контејнери низ мрежата на „Руски железници“ не се зголемени од 2011 година.

Да потсетиме, бродот со контејнери „Евер Гивен“ долг 400 метри се насука на 151-от километар од Суецкиот канал, широк помалку од 300 метри, на пат од Кина до Ротердам минатата недела, кој блокираше една од артериите на светската економија. Бродот беше деблокиран на 29 март, а во акцијата учествуваа повеќе од 15 бродови.

Слични содржини