Десет лица загинаа во Нигерија при делење на храна, второ стампедо во рок од една недела

од Milan1
15 прегледи

Десет лица загинаа во метеж за време на хуманитарен божиќен настан во црква во главниот град на Нигерија, соопшти денеска полицијата. Меѓу жртвите има и четири деца.

Голем број луѓе се собраа да земат храна што ја дистрибуираше локалната католичка црква Света Троица.

Ова е второ вакво стампедо оваа недела во најнаселената африканска земја бидејќи локални организации, цркви и поединци се повеќе организираат добротворни настани во пресрет на Божиќ.

Нигерија моментално е во една од најтешките економски кризи.

Слични содржини