Десетици американски војници распоредени на Кипар поради ескалацијата на тензиите во Либан

од Milan1
16 прегледи

Десетици американски војници се распоредени на Кипар додека во Либан, од другата страна на морето, ескалираат тензиите меѓу Израел и Хезболах, изјавија синоќа четворица американски претставници за Си-Ен-Ен.

Според нив, овие војници се подготвуваат за различни видови задачи, вклучително и евакуација на американски граѓани од Либан – земјата од чија територија е вооружено исламистичкото движење Хезболах против еврејската држава – во случај сегашната ситуација да прерасне во воен конфликт.

Претходно оваа недела, портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер рече дека американската војска ќе распореди „мал број“ од својот персонал во регионот, „како мерка на претпазливост“, но не кажа колку е тој „мал број“ и каде тие ќе бидат испратени.

Кипар одигра клучна улога во евакуацијата на странски државјани од Либан за време на војната на Израел против Хезболах во 2006 година.

 

Слични содржини